Презентации на 30 05.2015 год. во Хотел БУШИ Стара Чаршија – Скопје

 

Пред група од десет „бизнис ангели“ од Турската асоцијација (ТБАА) на иницијатива на “Meeting the investors and entrepreneurs 2015”, со помош на г-дин Илија Вучков направени се презентации од повеќе стопански субјекти од Р. Македонија, а во кои активно учество земаа членовите на ДПАТУ ПРОНАОЃАЧ МИХАЈЛО ПУПИН –Скопје, при што членовите на нашето друштво, Проф. Д-р Владимир Јаќовски, Мирко Узелац и Петре Ристески направија презентации на своите патенти. Од страна на друштвото беа присутни и члановите на извршниот одбор Проф. Др Ана Селамовска и Др. М-р Sci. Даниела Ризова. Ваквите манифестации ќе продолжат и во наредните месеци до 24.12.2015 год. Се очекува членовите на друштвото да земат уште поактивно учество, а посебно пронаоѓачите од понежниот пол, кое претствува 30% од вкупното членство на друштвото, на што сме посебно горди.