За нас

КАКО И ЗОШТО Е ФОРМИРАНО Друштвото на Пронаоѓачи и Автори на Технички Унапредувања “ПРОНАОЃАЧ МИХАЈЛО ПУПИН – Скопје”

Современото време и новиот начин на живеење и работење, ја наметна спонтаната потреба на пронаоѓачите, за обединување и организирање во здружение – друштво, кое ќе ги надминува стереотипните шаблони на досегашната организираност и делување во оваа област, а кое ќе може да одговори на сите предизвици на новото време.

По консултација со поголем број на пронаоѓачи, една група на докажани пронаоѓачи, ја превзеде обврската оваа иницијатива да ја преточи во правно издржана форма (во вид на регистрирано здружениe) чии основни принципи се усогласени со основните цели, принципи и акти на СПАТУМ и НАРОДНА ТЕХНИКА НА Р. МАКЕДОНИЈА

Друштвото ја оплеменува организациската матрица во областа на пронаоѓаштвото со својот специфичен начин на делување:

– Континуирана меѓусебна комуникација помеѓу членовите на здружението.

– Максимално брза меѓусебна размена на информации, за новостите кои би можеле да им бидат од значење на останатите членови.

– Искрена несебична меѓусебна помош, во реализација на индивидуалните проекти.

– Изграден кодекс на чесност, доверливост и искреност при соработката со компаниите подржувачи и компании и институции соработници.

– Учество во реализација на заеднички иновативни проекти на друштвото.

– Друштвото се грижи за поголема застапеност на по нежниот пол, како и за подмладокот.

– Друштвото е формирано на 22.02.2015 година.

 

ЦЕЛИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

 Во здружението ќе се остваруваат цели и задачи од по широк заеднички интерес на пронаоѓачите и авторите на технички унапредувања, а особено :

– Создавање на содржински, методолошки и организаторски претпоставки за унапредување на пронаоѓаштвото и други форми на индустриска сопственост;

– Популаризирање на пронаоѓачката и иноваторска дејност преку советувања, предавања, трибини, изложби на пронајдоци и иновации, и други форми;

– Работа со млади кадри на проблематиката од пронаоѓаштвото и иновациите и подигање на стручното ниво на членовите на здржението во проблематиката на пронаоѓаштвото и иноваторството;

– Откривање, негување и стимулирање на талентирани ученици и студенти на полето на пронаоѓаштвото и иноваторството;

– Пронаоѓање во нормативното уредување на проблематиката сврзана со развојот и унапредувањето на пронаоѓаштвото и иноваторска дејност и правилната распределба на доходот од оваа дејност во трговските друштва;

– Соработка со органите и институциите од одбраната и заштитата по прашања на иноваторството и пронаоѓаштвото;

– Перманентно и редовно информирање на членовите на друштвото за сите промени и новини во правна свера, а кои се однесуваат на пронаоѓаштвото и иноваторството на ниво на Републиката, меѓународните институции и асоцијации, доставување на информации и други сознанија од изложби и други форми низ кои се популаризира и унапредува иноваторството.

– Создавање на база за промовирање и реализирање на иновациите;

– Ангажирање во реализцијата на општински, републички и меѓународни манифестаии и соработка со специјализирани домашни и меѓународни асоцијации од областа на иноватортвото и пронаоѓаштвото;

– Соработка со средните стручни училишта, факултетите и асоијациите од областа на техниката во создавањето на услови за создавање и реализаија на пронајдоци и иновации;

– Поднесување предлози до надлежните органи за донесување, изменување и дополнување на законските и подзаконските прописи со кои се уредува пронаоѓаштвото и иновацијската дејност;

– Презентација на својата работа преку електронските медиуми и медиумите за јавно информирање;

– Учество во научно истражувачки проекти во Република Македонија и во странство од областа на пронаоѓаштвото и други видови на техничко творештво;

– Учество во создавање и практична примена на пронајдоците и други видови на техничко Творештво;

– Здружување со други сојузи и асоцијации од оваа и слична проблематика од Република Македонија и странство .

 

Целите и задачите од предходниот став здружението ке ги остварува преку:

– Донесување на општи акти и специјализирани програми за потикнување и реализирање на пронаоѓаштвото и иноваторството;

– Стручно оспособување и едуцирање на стручни кадри што ќе работат во клубовите организирани од здружението на полето на пронаоѓаштвото и иноваторството;

– Оганизирање и реализирање на семинари предавања, советувања, трибини изложби и други форми, облици и содржини;

– Соработка и комуникација со Народна Техника на Македонија, Друштвото за наука, техничките факултети, Стопанската Комора на Македонија, органите и телата на државата задолжени за оваа проблематика и други институции од државата и странство, директни или преку СПАТУМ.